-->
-->
Тетовчанец прегазил две млади момчиња
-->
Два часа по полноќ на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Според податоците од македонската полиција, 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи моторцикл „Сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 38-годишниот пешак И.С. од селото Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со своето возило „БМВ“ со непознат регистарски број. Возачот удрил и во 28-годишниот М.Х. од населбата Ѓорче Петров, кој исто така бил застанат до возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 28-годишниот Р.О. од Скопје.
Во незгодата на лице место починал Р.Р. додека со тешки телесни повреди се здобил И.С. кој е пренесен во Ургентен центар Скопје.
Со телесни повреди се здобил и Х.М. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата