Македонија
25. May 2016 - 15:00

Тетовчанец осомничен за 12 тешки кражби

Дваесет и две годишен тетовец е осомничен од Секторот за внатрешни работи Тетово како сторител на  12 тешки кражби што во март, април и мај годинава  ги извршил во куќи, други објекти и возила во Тетово и во тетовските села Палатица, Озормиште, Горно Седларце и Требош, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Против Е.А. ќе следува соодветен поднесок најави Јосифовски. Според неговите податоци осомничениот насилно провалувал во објектите и најчесто одземал пари како и технички производи и  алатки што потоа им ги продавал на заинтересирани поединци.

-Дел од одземените предмети се веќе пронајдени и им се вратени на сопствениците а дел се бараат и дополнително ќе им се вратат. Осомничениот претежно оперирал сам, а  постојат потврдени сознанија дека е извршител и на други тешки кражби на полошкото подрачје. Тој од подамна им е познат на службите на СВР Тетово и повеќе пати досега бил кривично пријавуван, рече Јосифовски.