Македонија
21. August 2017 - 14:25

Тетовчанец доби кривична откако предизвика сообраќајка во која загинаа маж и жена

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.Б. (43) од село С.Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 17.08.2017 година во 16.30 часот, на регионален пат село Јажинце-Тетово, пријавениот управувал патничко возило „Опел Вектра“ и поради неприлагодена брзина на движење учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „Лада“, управувано од 76- годишниот С.Г. од село Глоѓи.

Во сообраќајната незгода на лице место починал возачот С.Г. и неговата сопатничка Т.Г., додека со телесни повреди се здобиле пријавениот и неговиот сопатник Р.С.