Тетоважата „Преживеан од Ковид-19“ хит во Мексико
Во сеќавање на корона-пандемијата, Мексиканката Оми Дебуа на своите клиенти кои ја прележале корона-заразата, им нуди бесплатна тетоважа што ќе сведочи за тоа, со натпис „COVID-19 SURVIVOR“ („Преживеан од Ковид-19“).
– На тој начин, за многу години отсега тие ќе можат да разговараат за тоа со своите деца, внуци… „Се сеќавам дека го добив Ковид во 2020 година, тогаш имаше пандемија… Тоа беше смртоносна болест и преживеав. Видете ја мојата тетоважа”, карикира Дебуа, која инаку живее во градот Монтереј.
На Оскар Моралес (20) пораката му е истетовирана на раката како потсетник дека несакајќи заразил тројца членови на неговото семејство и сите преживеале. – На почетокот бев невнимателен… Но, откако добив позитивен тест, се заштитувам максимално. Секогаш носам маска и ги дезинфицирам рацете, вели тој.
Мексико официјално има повеќе од 64.000 смртни случаи од Ковид-19 и скоро 600.000 заразени лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација