Македонија
10. August 2018 - 10:49

Тешко повредено 16-годишно момче во гостиварско, паднало од тракторска приколка

Вчера во 09.35 часот во с.Добридол, гостиварско, А.Ч. (25) од с.Топлица, додека управувал трактор со приколка, од приколката паднал 16-годишник од с.Сенокос, гостиварско, при што се здобил со повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен од Медицински центар Гостивар, а потоа, поради карактерот на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.