Македонија
27. December 2020 - 12:10

Тешко повредени три лица откако со автомобил излетале од коловозот

На 26.12.2020 во 18,40 часот на регионалниот пат Зрновци-Бигла, патничко моторно возило „форд фокус“ со винички регистарски ознаки управувано од М.С.(24) од Виница, излетало од коловозот. По незгодата во Медицински центар-Кочани на М.С. и сопатникот М.Ј.(25) од доктор им биле констирани повреди, а на сопатничката С.Ј.(19) и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.