Македонија
28. July 2020 - 17:45

Тешко повредени татко и син откако скопјанец ги нападнал

Татко и син се здобиле со тешки повреди откако биле нападнати од скопјанец, информира МВР.

-Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Сарај, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(63) од село Сарај, од една страна, и И.М.(60) и неговиот син Б.М.(34), двајцата од село Сарај, од друга страна. Притоа, С.С. со тврд предмет им нанел тешки телесни повреди на Б.М и И.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - велат од полицијата.