Македонија
29. September 2020 - 10:38

Тешко повредени две лица во сообраќајка на магистралниот пат Кичево - Гостивар

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управуваноод Д.Б.(21) од с.Грешница, кичевско и патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Р.Албанија. Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.