Македонија
11. August 2022 - 12:09

Тешко повредени две лица при судар на „голф“ и мотоцикл

На 11.08.2022 во 00.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Серава“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од В.К.(33) од Косово и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Е.З.(19) од с.Блаце, скопско, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.