Македонија
22. July 2021 - 12:05

Тешко повредени две девојки откако со својот автомобил излетале од коловозот

На 21.07.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Берово, патничко возило „бмв 530-д“, со германски национални ознаки, управувано од В.К.(22) излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Ч.(20), а со телесни повреди се здобила друга сопатничка А.Б.(20), двете од Берово, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Берово.