Македонија
1. December 2022 - 12:49

Тешко повредена жена-пешак во Битола

На 30.11.2022 во 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„4 Ноември“ во Битола, патничко возило „нисан“ со грчки национални ознаки, управувано од Г.К.(37) од с.Јанковец, ресенско, удрило во В.Ф.(57) од Битола.

Во несреќата, В.Ф. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.