Македонија
19. May 2021 - 13:03

Тешко повредена патничка откако паднала во автобус на ЈСП

Патничка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус на ЈСП.

„На 18.05.2021 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, при сопирање на автобус „јутонг“ на ЈСП, управуван од С.К.(54) од Скопје, патничката С.Н.(56) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информира МВР.