Македонија
27. May 2021 - 11:55

Тешко повредена малолетничка по удар од автомобил во Штип

Вчера во 17.20 часот на ул.„Пиринска“ во Штип, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(51) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип, информираат од МВР.

По незгодата, малолетничката била пренесена во Клиничка болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.