Македонија
6. October 2022 - 17:05

Тешко повредена 68-годишна жена во сообраќајна незгода во булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица,

удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.