Македонија
11. May 2021 - 12:04

Tешко повредена 39 годишна скопјанка откако со своето возило излетала од коловозот

На 10.05.2021 во 13.15 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.Ѓ.(39) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во незгодата С.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Неготино.