Македонија
6. May 2021 - 16:23

Тешко повредена 22 годишна девојка во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово - с.Волковија

На 05.05.2021 во 15.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–с.Волковија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“, управувано од Т.Ѓ.(22) од с.Милетино и патничко возило „ауди“, управувано од И.И.(68) од с.Милетино, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ѓ., а со телесни повреди се здобил И.И., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.