Македонија
28. October 2019 - 18:52

Тешко повреден велосипедист во Скопје

Вчера во 11.00 часот на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (36) од Скопје удрило во велосипед, управуван од А.Ш.(75) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на несреќата од екипа од СВР Скопје.