Македонија
18. April 2016 - 10:24

Тешко повреден тракторист во Росоманско

 

Четириесет годишен тракторист од село Сирково во Росоман вчера попладне бил тешко повреден откако излетал од патот кој води до селото, потврди денеска портпарол на СВР Велес Анита Стојковска. 

- Вчера во 15:13 часот  на локалниот пат кон село Сирково поточно кај месноста викана  „Чернец“ во оштина Росоман, се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, трактор марка „ИМТ 539“ управуван од В.М. (1976) од село Сирково,  излетал надвор од патот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот. Тој бил  пренесен во јавната здравствена установа  Општа болница Кавадарци,  од каде бил  пренесен на Клиниката  за торакална хирургија во  Скопје, соопшти Стојковска.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Кавадарци во присуство на надлежен јавен обвинител .

Како што информираше  доктор Дано Кулев, началник на одделението за хирургија при кавадаречката општа болница, пациентот бил  донесен во шок и во состојба ризична по живот.

-За кратко време со соодветна терапија го стабилизиравме и го вративме во нормална состојба. Му направивме рентгенски снимки и ехо на стомак и утврдивме дека има неколку скршени ребра на десната страна од градниот кош и крварење во белите дробови, соопшти Кулев.

Повредениот, во присуство на медицинска сестра, бил пратен на скопските клиники заради понатамошно испитување и лекување.