Македонија
8. September 2018 - 12:10

Тешко повреден скопјанец, излетал со автомобил од патот Кичево - Охрид

Вчера во 12.50 часот на патот Кичево - Охрид кај село Подвис П.Б.(67) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал во нива.

На П.Б. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.