Македонија
9. March 2017 - 13:43

Тешко повреден работник во Пинтија, паднал од скеле

Т.А. (58), вработен во фирма за монтирање челична конструкција, поставувајќи скеле, паднал од два метра висина и здобил тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера, во 9:44 часот, во скопската населба Пинтија.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.