Македонија
20. February 2020 - 17:50

Тешко повреден работник во фабрика во Гостивар

Рано утрово во 03.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.Д.(41) од Гостивар, вработен во гостиварска фабрика, се здобил со тешки телесни повреди додека бил на работното место.

Тој бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“, а екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршила увид.