-->
-->
Тешко повреден работник од Инџиково пренесен во болница
-->
Со тешки телесни повреди вчера се здобил 63-годишниот С.Д. од скопско Инџиково при вршење градежни работи на објект.
Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен од Итна медицинска помош во Полициска станица Ѓорче Петров.
Несреќата се случила во близина на фирма во скопската населба Стопански Двор. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Трудов инспектор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата