Македонија
4. October 2015 - 16:37

Тешко повреден припадник на шумската полиција во Прилеп

Со распукан череп и други повреди по телото завршил 43-годишниот Гоце С. од Прилеп, инаку, припадник на шумската полиција.Инцидентот се случил синоќа околу 18 часот во ромската населба Тризла, при обидот, сега повредениот шумски полицаец, заедно со неговите колеги да одземат товарени дрва од возило од дрвокрадци. Повредениот шумски полицаец веднаш бил хоспитализиран на Хируршкото одделение во прилепската Болница, и, за среќа, неговата здравствена состојба во моментов е добра.
 
Инаку, дрвокрадството во прилепскиот регион, и покрај бројните акции на шумската полиција која постојано е на терен, за жал, и понатаму е во загрижувачки подем. Најлоштото е во тоа што во последно време забележана е дива сеча и кражба на дрва и од приватни имоти, па, сопствениците се пореволтирано реагираат и бараат поорганизирана помош од надлежните институции. Во меѓувреме, тие велат се самозаштитуваат како знаат и умеат, но, сето тоа е без поголем ефект, бидејки во прашање си ја доведуваат и нивната лична безбедност. Познавачите на приликите посочуваат дека недостигот од легано огревно дрво на пазарот, може уште повеќе да ја влоши состојбата.