Македонија
8. December 2020 - 11:26

Тешко повреден пешак во Струмица откако бил удрен со автомобил

Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(59) од Струмица, удрило во пешакот Р.Г.(77) од Струмица, информираат од МВР.

Во незгодата Р.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.