Македонија
22. October 2020 - 11:17

Тешко повреден пешак во Штип откако бил удрен од автомобил

Вчера во 09.50 часот било пријавено дека во Штип, на крстосницата на улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, патничко возило „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрило во пешакот Б.Д.(81) од Штип, стои во соопштението од МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.