Македонија
15. August 2019 - 17:41

Тешко повреден пешак во Охрид

На 14.08.2019 во 20,00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум патничко моторно возило „Цитроен Ц1“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.Ј (24) од Холандија, удрило во Б..Р.(54) од Охрид. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ каде му е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид.