Македонија
18. November 2018 - 10:41

Тешко повреден пешак при судар на две возила во Битола

Вчера околу 01.15 часот на улица „Смилевски Конгрес“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Мерцедес" со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, патничко моторно возило "Пежо партнер" исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(28) од Битола, a бил повреден пешакот З.Ј.(60) од Битола.

По незгодата З.Ј. е пренесена во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен увид на местото на настанот.