Македонија
29. October 2019 - 12:27

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера попладне во 14.30 часот било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ Ш.З.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и паднал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје, за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.