Македонија
18. October 2019 - 11:08

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Прилеп

Вчера во 16.00 часот на крстосница од ул.„Кеј 19-ти Септември“ со ул.„,Борка Спиркоски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.К.(52) од Прилеп, и патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(32) од Прилеп. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.