Македонија
13. February 2020 - 10:35

Тешко повреден мотоциклист на локален пат во Општина Конче

Вчера во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Д.Липовиќ кон с.Г.Липовиќ, на место викано „Дебела бандера“, М.М.(67) од с.Ракитец, општина Конче, управувајќи мотоцикл „шерк 110“ без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Радовиш.