Македонија
6. October 2017 - 13:45

Тешко повреден мотоциклист, го соборил мерцедес среде Скопје

Вчера во 14,10 часот било пријавено дека на бул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(46) и моторцикл „Пијаџо“ со скопски регистерски таблици, управуван од Е.С. (71), и двајцата од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил Е.С. по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар-Скопје. 

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.