Македонија
5. July 2022 - 12:49

Тешко повреден мопедист при судар со „ауди“

На 04.07.2022 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Козара“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од С.Т.(40) од Скопје и мопед „кимко“, управуван од Н.Ѓ.(22) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. По несреќата Н.Ѓ. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.