Македонија
17. March 2021 - 11:46

Тешко повреден малолетник по пад од четирицикл на кој се возеле со другарот

Еден малолетник е повреден откако паднал од четрицикл на кој се возеле со својот другар.

- На 16.03.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Дебреште, прилепско, од мопед „атв“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник, на коловозот паднал сопатникот – малолетник. 

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.