Македонија
4. May 2021 - 16:51

Тешко повреден малолетник откако во него удрил автомобил

Малолетник пренесен во болница откако бил удрен со автомобил.

- На 03.05.2021 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Балиндол, гостиварско, патничко возило „мeрцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(26) од с.Балиндол, удрило во малолетен пешак од Гостивар, информираат од МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.