Македонија
14. May 2021 - 16:15

Тешко повреден малолетник откако бил удрен со автомобил

На 13.05.2021 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Рогле патничко возило „ауди а4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(22) од с.Рогле, удрило во малолетен пешак од с.Ласкарци.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.