Македонија
30. May 2021 - 11:45

Teшко повреден малолетник откако бил удрен од возило

На 29.05.2021 во 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосница од ул.„Охридска“ и ул.„Раштани“  во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци. 

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.