Македонија
10. November 2022 - 13:48

Тешко повреден малолетник од Виница откако со својот велосипед излетал од коловозот

На 09.11.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Братство Единство“ во Виница, малолетник од Виница, управувајќи велосипед, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.