Македонија
11. October 2020 - 15:36

Тешко повреден кумановец кој паднал додека извршувал работни задачи

Вчера во 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.С.(57) од Куманово паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Индустриска“ во Куманово, стои во соопштението од МВР.

Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.