Македонија
5. December 2020 - 17:05

Тешко повреден 30-годишник од Пробиштип, со возило излетал од патот

Синоќа во  00.45 часот било пријавено дека  на регионален пат во близина на место викано „Древенски мост“, атар на с.Древено, пробиштипско, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.К.(30) од Пробиштип излетало од патот, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.