Македонија
24. July 2021 - 17:26

Тешко повреден 22-годишен битолчанец откако со мопед удрил во заштитна ограда

На 23.07.2021 во 15.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Тулана“, П.С.(22) од Битола, управувајќи мопед „шамп“со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда.

Во незгодата П.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.