Македонија
11. August 2020 - 10:56

Тешко повреден 17-годишник од Струга откако автомобил удрил во него

Вчера во Скопје автомобил удрил во 17-годишен пешак. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 10.08.2020 во 22.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Димитрие Чуповски“, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(38) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од Струга.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.“