Македонија
27. July 2020 - 17:34

Тешко повреден 17-годишник од Берово, со мотоцикл излетал надвор од коловозот

Вчера околу 12.00 часот на регионалниот пат Виница - Берово, на место викано „Дивидија“, атар на с.Митрашинци, беровско, мотоцикл „јамаха“, со беровски регистарски ознаки, управуван од 17 - годишник, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. 

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.