Македонија
28. April 2021 - 11:58

Тешко повреден 16 годишен мотоциклист и неговиот сопатник во сообраќајна несреќа во Скопје

На 27.04.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Лазар Трповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со српски национални ознаки, управувано од Л.С.Д.(38) од Скопје, мoтоцикл „дервин“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(35) од Пробиштип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и 16-годишен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобила Л.С.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје