Македонија
13. March 2020 - 11:55

Тешко повреден 15-годишен велосипедист во Скопје

Вчера во 15.20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје. Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.