Loading Video...
Ракомет
9. February 2019 - 17:00

Тешко гостување на Еурофарм Работник кај Хановер во првиот меч од ЕХФ купот

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва ќе го започнат својот настап групната фаза во ЕХФ купот. 
 
Битолскиот тим има тешко гостување во Германија, кај составот на Хановер во меч од Б групата.
 
Ова е вториот меч од оваа конкуренција во кој Еурофарм Работник за противници ќе ги има и екипите на Татабања од Унгарија и хрватскиот вице-првак Нексе тимови кои вчера го одиграа својот меѓусебен дуел во кој победа оствари хрватската екипа со 28-27. 
 
Натпреварот меѓу Хановер и Еурофарм Работниќ ќе започне од 19 часоти 30 минути 
 
Потсетување дека според новиот систем на натпревари во ЕХФ купот по групната фаза следува нокаут-рундата во која место во четвртфиналето  директно ќе обезбедат само победниците односно првопласираните екипи во секоја од групите, како и трите најдобро второ рангирани.