Loading Video...
Фудбал
10. April 2018 - 10:00

Тешки задачи за Рома и Манчестер Сити во реванш мечевите од 1/4-финалето во ЛШ

Барселона и Ливерпул се пред промоција во полуфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. Сепак, тоа ќе мора да го потврдат вечерва во возвратните дуели од четвртфиналето против Рома и Манчестер Сити. 

Шпанскиот тим на „олимпико“ во Рим ќе старува со предост од 4:1 остварена на првиот меч на „Камп Ноу“. Иако гостинскиот тренер Валверде во експедицијата го поведе и Серхио Бускетс сепак неговиот настап е неизвесен, додека сите останати му се на располагање. Кај гома, од клучните играчи ќе недостасува Пероти, па задачата да се надополнат три гола ќе биде дополнително отежната.

Во англиското дерби. Фудбалерите на Манчестер Сити ќе треба пред се психолошки да ги9 пребродат последните два порази, оној од Ливерпул во првиот четвртфинален меч кога на „Енфилд“ беа поразени со 3-0, како и саботниот од оградскиот ривал Манчестер Јунајтед против кој испуштија предност од два гола, па на крајот беа поразени со 3-2. 

Гвардиола не ќе може да смета на Менди и Стоунс, а под знак на прашање е и Данило кој го пропушти последниот тренинг. 

Отсуството на Хендерсон кој поради суспензија нема да настапи кај Ливерпул, ќе биде голем проблем за Јирген Клоп и неговиот тим, кој на последните 12 натпревари во сите конкуренции има само еден пораз (Манчестер Јунајтед) и дури осум победи. 

Дуелите во Рим и Манчестер ќе стартуваат во 20.45 часот термин во кој утревечер своите реванш дуели ќе ги одиграат Баерн Минхен и Севиља (2-1 прв меч), односно Реал Мадрид и Јувентус (3-0)