Македонија
22. September 2020 - 14:48

Тешки товарни возила да не минуваат од Северен булевар до Глишиќ, препорака од кабинетот на Јанчев

Се препорачува до сите превозници и учесници во сообраќајот со тешки товарни возила, почнувајќи од утре до 30 септември, среда, да не го користат патниот правец од Северен булевар до Глишиќ, односно дел од улицата „Шишка“, поради изведување завршни градежни активности за реконструкција на оваа улица.

Со ваква препорака денеска излегоа од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возила, а тешките товарни возила дополнително го отежнуваат сообраќајот, особено возачите на трактори, нагласија оттаму.

Тие препорачуваат и да се користат патните правци преку Росоман и Дреново за излез од градот.

– Се препорачува и до фирмите со седиште на улицата „Шишка“, своите потреби со тешки товарни возила да ги организираат по 20 часот, додадоа од Кабинетот, заблагодарувајќи се на разбирањето.