„Тешки“ руско-украински преговори во Париз, нова средба во Берлин за две недели
Русија и Украина ќе ги продолжат разговорите со француско-германско посредништво за две недели во Берлин, изјави специјалниот руски пратеник за украинскиот конфликт Дмитриј Козак.
Тој синоќа го опиша дијалогот како „тежок“. „И покрај разликите во толкувањето, примирјето мора да продолжи, прекинот на огнот мора да се одржи“ меѓу украинската армија и проруските сепаратисти во источна Украина, додаде тој по состанокот на претставниците на шефовите на држави и влади во Елисејската палата.
Рускиот претставник рече дека средбата во Берлин повторно ќе биде на ниво на советници и дека Самит „не е на дневен ред“. – Се надеваме дека нашите колеги ги разбраа нашите аргументи и дека ќе имаме резултати за две недели“, додаде тој на прес-конференција.
– Сакаме да го одржиме овој дијалог, потенцираше украинскиот преговарач Андриј Јермак од украинската амбасада. Според заедничката изјава објавена на крајот од речиси деветчасовниот маратонски состанок, преговарачите „остануваат посветени на ублажување на сегашните разлики во нивната идна работа“. „Важно е што денешното коминике е првиот значаен документ за кој успеавме да постигнеме договор од декември 2019 година“, рече вчера Јермак.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка