Тешки кражби: Пиштоли украдени од два стана во Скопје
Вчера во Скопје било пријавено дека во времето од 10,00 до 12,15 часот на ул. “Волгоградска“ во стан кој како деловен простор го користел правен субјект од Скопје, сопственост на О.П.(47), непознат сторител извршил тешка кражба. При тоа одземен е еден пиштол марка „Глок 9 мм“, кој О.П. го поседувал со дозвола. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.
Завчера во Скопје било пријавено дека во времето од 18,30 до 19,45 часот на бул.„Јане Сандански“ во стан сопственост на С.М. (47), од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба, при што бил одземен еден пиштол марка „ХС 2000“ калибар 9мм, со една рамка со 10 куршуми, 12.000 денари и еден женски часовник. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот
и целосно расчистување на кривичното дело.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење