Loading Video...
Ракомет
14. September 2018 - 14:40

Тешки гостувања за Вардар и Металург на стартот на сезоната во Лигата на шампионите

Двата македонски претставници во ракометна Лига на шампиони, Вардар и Металург, утре ќе ги играат првите средби од новата сезона во елитната лига. 
 
Македонскиот првак Вардар, со видно изменет состав во однос на ланскиот, го очекува тешко гостување на стартот и тоа ни помалку ни повеќе кај актуелниот европски шампион, францускиот Монпелје. 
 
Иако фаворитската улогата на овој меч ја има Монпелје, сепак тимот на Роберто Парондо се очекува мотивирано да влезат во овој дуел, за докажување дека црвено-црните и годинава се способни да атакуваат на висок пласман, но и пред се со желба да му се реваншираат на францускиот тим за минималниот пораз (28-27) во полуфиналето на минатогодишниот фајнал-фор турнир. 
 
Мечот од А групата меѓу Монпелје и Вардар ќе се игра утре во терминот од 17 часот и 30 минути, додека два часа подоцна (19:30 ч.) во Лисабон, во рамките на Ц групата ќе стартува и средбата меѓу португалскиот Спортинг и македонскиот вице-првак Металург.